Забегана работа: Девојче го обвиткаа со факели да им помогне да ги прошверцуваат на стадион (Видео)

Работите дефинитивно се излезени од контрола во Буенос Аирес, каде уште се чека дали ќе се одигра реванш мечот од финалето на Купот Либертадорес меѓу Ривер плата и Бока јуниорс. Мечот требаше да започне пред повеќе од еден час, но засега е одложен, откако играчите на Бока беа нападнати при влегувањето на стадионот „Монументал“.

Навивачи на Ривер со солзавец и тврди предмети го нападнаа автобусот, при што беа повредени неколку играчи. Поради тоа мечот беше одложен за еден час, но и по тој поминат час уште не е започнат дуелот. Најновата информација е дека стартот е закажан за 23:15 часот.

За тоа како навивачите на Ривер се подготвувале за дуелот, покажува една снимка на која навивачка на овој клуб користи мало девојче да прошверцува поголемо количество на факели на стадионот. На телото на девојчето се залепени факелите, со надеж дека тоа нема да биде претресано при влезот на стадионот.

- Оглас -

Најнови вести