Заборавената германска ѕвезда на 32 години стави крај на кариерата

Екс-репрезентативецот на Германија, Марвин Платенхард, (32) ја заврши својата фудбалска кариера.

Некогашниот бек со седум настапи за Германија, меѓу кои и мечот со Мексико на Мундијалот во Русија во 2018 година кога беше стартер, без клуб е повеќе од една година, не играше никаде по испаѓањето на неговиот клуб Херта во летото 2023. Беше и во тимот на Германија кој во 2017 година ја освои титулата на Купот на конфедерации.

Тој има одиграно 278 натпревари во Бундеслигата за Нирнберг и Херта. Сино-белите од Берлин пред една година му понудија намалена плата, но тој ја одби. Имаше конкретни понуди од Италија, Англија, Турција и САД, но не му одговараше ниту една.

Во јануари годинава му се роди ќерка и не сакаше да живее далеку од дома, а плус тоа со сопругата Сара имаат компанија која произведува алтернатива на веганско млеко направено од ф’стаци, и освојува се повеќе и повеќе филијали на супермаркети во Германија, аптеки и кафулиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести