Заборавениот херој на Панцерите се врати во Бундеслигата

Марио Геце по пауза од две години, се врати во Бундеслигата и ќе ги брани боите на Ајнтрахт Франкфурт.

Подзаборавениот херој на Панцерите, кој го постигна победничкиот гол за освојување на светската титула во 2014 година, повторно ќе игра во германското првенство, како и во Лигата на шампионите. Трансферот од ПСВ Ајндховен чини четири милиони евра, а Геце потпиша тригодишен договор до јуни 2025 година.

Неговата кариера имаше подвизи и падови. Геце како суперталент на Борусија Дортмунд направи голем чекор при преселбата во редовите на ривалот Баерн Минхен за сума од 37 милиони евра во 2013 година, меѓутоа не се снајде најдобро на „Алијанц арената“.

Во ПСВ замина како слободен играч откако камбекот во Дортмунд не се одвиваше според планот, па во Холандија ја оживеа кариерата и беше голема атракција во Ередивизија шампионатот.

Сега веќе искусниот офанзивен играч за врска доби нова шанса да блесне во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести