Кошаркарите на Задар приредија големо изненадување во 13-то коло во АБА-лигата победувајќи го актуелниот шампион Партизан со убедливи 84:68 и речиси и го завери првото место на табаелата на Црвена звезда.
По 13 кола, Партизан има четири порази и се наоѓа на третото место на табелата, додека Црвено-белите имаат само еден пораз и вечерва се големи фаворити во дуелот против Сплит.
Домашните кошаркари одлично го започнаа натпреварот поведоа со 13:6 и првата четвртина ја добија со 20:13, а во одличен ритам играа и во втората и на одмор заминаа со предност од 13 поени (47:34).
Во третата четвртина играчите на Партизан се обидоа да се вратат во игра, дојдоа до минус шест (52:46), но Дрежњак постигна тројка и Рамљак со поенот од слободно фрлање, ја врати двоцифрената предност која домаќинот потоа не ја испушти до крајот и славеше со убедливи 84:68.
Ова беше прва победа за Задар над Партизан по пауза од пет години.
Најдобар кај Задар беа Божиќ со 26 и Дрежак со 25 поени, додека кај Црно-белите, Вукчевиќ даде 16 поени.