Трагичната серија на Шалке трае веќе 23 меча без победа во Бундеслигата, по ремито од 2-2 на гости кај Мајнц во дуелот на фенерџиите во германскиот шампионат.
Мајнц ја прекина кризата од шест последователни порази со помош на реализираните пенали на Бросински во шестата и Матета во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме.
При водство на гостите, Ут погоди прекрасен слободен удар во 36-тата минута, што не беше доволно за гостите да се мотивираат и по 10 месеци да стават крај на агонијата. Утеха е освоениот бод за Шалке, освоен по автоголот на Сент Џуст во 82-та минута.
Дарко Чурлинов, младинскиот репрезентативец на Македонија, од клупа го проследи ремито меѓу неговиот Штутгарт и Ајнтрахт Франкфурт при конечни 2-2.
Лајпциг лесно го совлада Фрајбург со 3-0, идентично Херта триумфираше на гости кај Аугзбург, додека Унион Берлин беше убедлив со 5-0 против Арминија Билефелд.