Залудно се крева прашина, Меси ќе се пензионира во Барселона

Проблемите во Барселона излегоа на виделина како никогаш досега. Чудните изјави на спортскиот директор Ерик Абидал нанесоа штета во соблекувалната, а капитенот Лионел Меси го крена гласот против него. Иако се очекуваше отказ на Абидач, претседателот Бартомеу ја отфрли таа опција, по што се појавија шпекулации дека управата ќе мора да бира меѓу Абидал или Меси.

Наводно, тројфејната мегаѕвезда на Каталонците ќе ја напушти Барселона по крајот на оваа година, и веќе има неколку гиганти кои се подготвени финансиски да го привлечат Аргентинецот. Сепак, еден од неговите поранешни тренери, Пеп Гвардиола, рече дека без разлика на ситуацијата Меси ќе се пензионира во Барселона.

„Не сакам да зборувам за играчи кои не се во мојот тим. Веднаш ќе пресечам во врска со оваа тема. Лео е играч на Барселона и ќе остане таму до крајот на неговата кариера“, кратко изјави Пеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести