19.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Замената за Каземиро во Манчестер јунајтед ќе пристигне од Бундеслигата

Договорот на Каземиро и Манчестер јунајтед истекува на крајот од оваа сезона, па раководството на „црвените ѓаволи“ веќе размислува за неговата замена. 33-годишниот Бразилец се поизвесно е дека ќе го напушти „Олд Трафорд“ и договорот нема да му биде продолжен.

Неговата замена во Манчестер јунајтед се очекува да пристигне од Бундеслигата, а се работи за 24-годишниот германски репрезентативец, Ангело Стилер. Тој е член на Штутгарт, а според медиумите на Островот веќе изразил желба да се пресели на Островот.

Бундеслигашот очекува за неговите услуги да добие најмалку 43 милиони фунти, односно околу 50 милиони евра, сума која не би требало да претставува проблем за Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести