Замената за Меси во ПСЖ доаѓа од Манчестер сити

Португалскиот репрезентативец и член на Манчестер сити, Бернардо Силва, во летниот преоден рок би можело да се пресели во ПСЖ, пишува весникот „Паризиен“.

Силва на „Паркот на принцовите“ би требало да пристигне како замена за Лионел Меси, кој дефинитино на крајот од сезоната си заминува од Париз.

Весникот пишува дека челниците на ПСЖ ќе сторат сè за да го донесат Бернардо Силва, кој сака да си оди од Манчестер сити. Светците се подготвени да понудат 80 милиони евра како отштета за Португалецот, а токму оваа сума ја бараат Граѓаните од Барселона, која исто така е заинтересирана за Силва.

- Оглас -

Најнови вести