Замина и вториот омилен лик на фановите: Зек Ледеј го напушта Партизан

Зек Ледеј го напушти Партизан, потврди српскиот кошаркарски клуб. Партизан се огласи на социјалните мрежи и се збогува со американскиот крилен центар со азербејџански пасош.

Тој имаше договор и за следната сезона, но спогодбено е раскинат.

„После три сезони во црно-белиот дрес, Зек Ледеј ова лето заминува од Партизан. Човекот кој остави голем белег и стана миленик на навивачите на Партизан, постигна спогодбен раскин со клубот. Токму како и капитенот Кевин Пентер, Зек Ледеј останува засекогаш дел од црно-белото семејство!”, наведоа од КК Партизан.

Ледеј, за време на три сезони во Партизан, беше еден од двајцата лидери на тимот под водство на Жељко Обрадовиќ, заедно со Кевин Пантер, кој веќе замина во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести