Ѕаниоло има скинати лигаменти, во аут најмалку до март

Фудбалерот на Рома, Николо Ѕаниоло, на натпреварот Холандија – Италија се здоби со повреда на левото колено, а снимките на магнетна резонанца покажаа дека има целосно кинење на предните вкрстени лигаменти.

Ова значи дека на Ѕаниоло му претстои операција и пауза од најмалку шест месеци. За малерозниот талент, ова е втора ваква повреда во само осум месеци. Поддршка на 21-годишниот репрезентативец на Италија преку социјалните мрежи му дадоа и од други италијански клубови.

- Оглас -

Најнови вести