Пабло Мартин Паес Гавира, или скратено само Гави, вечерва испиша историја во шпанскиот фудбал и со настапот против Италија во полуфиналето во Лигата на нациите стана најмладиот репрезентативец во богатата историја на Црвената фурија.
Луис Енрике одлучи да му даде шанса на Гави, кој има само 17 години и 62 дена и е најмлад репрезентативец што играл во циклусот од 85 години, откако Шпанија настапува на официјалните натпревари како репрезентација.
Гави игра во средниот ред, а интересно е што последен настап пред овој вечерва на „Сан Сиро“ му беше за селекцијата на Шпанија до 16 години, што значи дека прескокна неколку генерации и возрасни категории и доби шанса за настап во А селекцијата.
Пабло одигра пет меча сезонава за Барселона и вечерва се запиша во историјата на шпанскиот репрезентативен фудбал.