Вест хем и Мануел Ланзини ја обновија соработката на дополнителни четири години. Аргентинскиот репрезентативец ја прифати понудата на премиерлигашот и ќе се задржи во Лондон до јуни 2024 година. Со новиот договор, Ланзини е еден од ретките играчи на Вест хем кој ќе заработува 100.000 фунти неделно.
Минатиот викенд Ланзини оствари јубилеј во Премиер лигата, триуфмот од 3-1 на гостувањето кај Ватфорд беше негов 100-ти настап за Вест хем во Премиер лигата, а земајќи ги во предвид и куп-натпреварувањата во Англија, Аргентинецот досега одигра 112 меча во кои 20 пати беше стрелец, а има и 19 асистенции на своето конто.
По трансферот од Ал Џазира во 2015 година, Ланзини ја игра својата петта сезона за Вест хем.
Ours for 4️⃣ more years! 💎 #Lanzini2023 pic.twitter.com/Oq95IOSkyx
— West Ham United (@WestHam) August 30, 2019