Започна кошаркарскиот плеј-оф, домашните екипи ја оправдаа фаворитската улога

После нешто повеќе од 15-тина дена пауза, пред се поради бојкотот на судиите, но и поради велигденските празници, конечно започна кошаркарскиот плеј-оф. На првите четвртфинални натпревари победија сите домашни екипи, односно оние кои завршија од првата до четвртата позиција на табелата.

Бранителот на трофејот, МЗТ Скопје, со убедливи 81-58 славеше над Феникс, додека Работнички минимално, со 67-64, го победи Пелистер. Убедливи победи забележаа и Куманово и ТФТ, кои славеа над Кожув со 85-73, односно против Чаир со 85-68.

На вторите натпревари, кои ќе се играат викендов, повторно во улога на домаќини ќе бидат екипите на МЗТ Скопје, Работнички, ТФТ и Куманово.

Истовремено со разигрувањето за титулата, започна и битката за опстанок. Гостивар со 81-78 го победи Шкупи, додека Тиквеш беше убедлив против Вардар со 91-65. Кавадарчани само формално треба да го потврдат опстанокот во Првата лига, додека Гостивар и Шкупи ќе водат голема битка за последниот билет за следната сезона. Вардар е веќе испаднат.

- Оглас -

Најнови вести