Започнува битката меѓу Тејтум и Ембид за конференциското финале, се очекува Бостон со победа да ја отвори серијата

Вечерва ќе се одиграат два натпревари во НБА лигата, по еден од конференциското полуфинале во Источната и во Западната конференција, за кои Sport Life подготви богата понуда на игри.

На Истокот започнува пресметката меѓу Бостон селтикс и Филаделфија сиксерс, кои по елиминацијата на Милвоки, се фаворити да играат во големото финале.

Филаделфија прва ја заврши работата во првата рунда од плејофот и со чисти 4-0 во победи го елиминира Бруклин нетс, додека Бостон ја победи Атланта хоукс во шест меча (4-2). Оваа пресметка се очекува да помине во знакот на ѕвездите на двата тима, Џејсон Тејтум и Џејлен Браун кај Бостон и на Џоел Ембид и Џејмс Харден кај Филаделфија.

Квотите за првиот натпревар кој ќе се игра во „Ти Ди гарден“ се на страната на Бостон (1,26), кој беше подобар во меѓусебните пресметки во регуларниот дел од сезоната. Келтите славеа на три од четирите меѓусебни дуели, а ги добија и двата меча кои ги играа пред своите гледачи (106:99 и 126:117).

На Западот ќе се игра вториот меч од полуфиналната пресметка меѓу Денвер нагетс и Феникс санс. Денвер славеше во првиот меч со 125:107, и е фаворит на вечерашниот дуел (1,60).

Што се однесува до понудата на играчи, и таа е стандардно богата во Sport Life и во неа има 21 кошаркар во играта „плус-минус“ поени.

 

- Оглас -

Најнови вести