Започнува распадот на аматерскиот бокс, Американците први ја напуштија ИБА и преминуваат во нова организација

Боксерската федерација на САД, која е најуспешна земја во историската на олимпискиот бокс, на напушти Светската боксерска асоцијација (ИБА) и ќе се приклучи на новоформираната федерација Ворлд боксинг.

Извршниор директор на боксерската федерација на САД, Мајк Мекати, во писмото упатено со земјите членки на ИБА, напиша дека тие се повлекуваат веднаш од оваа Организација.

„Боксерската федерација на САД веднаш ќе го започне процесот за пријавување во Ворлд боксинт и ќе ја поднесе потребната документација на 1, мај 2023 година“, стои во дел од писмото на Мекати.

Ворлд боксинг федерацијата е регистрирана овој месец во Швајцарија, а најголеми лобисти се федерациите на САД и на Обединетото Кралство, кои не сакаат да имаат повеќе ништо со ИБА која ја води Русинот Умар Кремљев и која Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) уште во 2019 година ја суспендираше поради корупција.

- Оглас -

Најнови вести