Денеска започнува трката за iPhone XS, прогнозирајте и бидете дел од играта

По направената зимска пауза, Спортска прогноза од денеска повторно е дел од Спорт Манија. Играта во која може да освоите моболни телефони, вредносни ваучери од Sport Life и други подароци, повторно е активна.

Вкупно 13 меча се на понудата во ова коло. Дербито меѓу Арсенал и Челзи е најатрактивно за типување, но и останатите двојки се интересни. Право на типување имате до 13:30 часот, кога и започнува дуелот Вулверхемптон – Лестер во Премиер лигата. На понудената „13-ка“ се дуели од Топ 5 лигите во Европа. За погодени 13 парови, подарокот е мобилен телефон iPhone XS. Доколу имате еден промашен дуел, ќе бидете добитник на мобилен телефон „Samsung Galaxy A6 2018“.

Ако двајца или повеќе прогнозери се во конкуренција за еден од двата телефони во едно коло, подарокот се дели – ќе бидат доделени ваучери од Sport Life во вкупна вредност на освоениот телефон (60.000 денари, односно 15.000 денари).

Подароци ќе има и за оние кои ќе имаат 11 и 10 погодоци. За 11-ка се добива ваучер во вредност од 500 денари во Sport Life, додека со 10-ка ќе бидете добитник на ваучер од 200 денари од обложувалниците на Sport Life.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИТУ ЕДНО КОЛО

Стартувајќи од 15-ти јануари 2019 година, почнува и натпреварот во Генералниот пласман, во кој се собираат вкупно поените од сите типувања за секое одделно коло, па сè до последното коло од Спортска прогноза со почеток на осми мај 2019 година. Генералниот пласман има посебен награден фонд, независен од наградите за секое поединечно коло на Спортска прогноза.

1. место: Mi Електричен тротинет
2. место: Велосипед Capriolo Passion Men
3. место: Ваучер од 1000 денари во Sport Life обложувалници
4. место: Ваучер од 500 денари во Sport Life обложувалници
5. место: Ваучер од 300 денари во Sport Life обложувалници

 

- Оглас -

Најнови вести