24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Започнува Втората лига: 16 желби за само еден прволигашки билет

Македонската фудбалска второлигашка конкуренција денес и официјлано ќе го има својот старт. 16 екипи влегуваат со различни амбиции, а само првопласираната на крајот ќе обезбеди пласман во Првата лига. Второто и третото место носат бараж за влез во повисок ранг.

Неколку екипи со потезите кои ги повлекоа ова лето истакнаа кандидатура за висок пласман, односно борба за Првата лига, а тука пред се се истакнаа Скопје, Охрид, Брегалница, Шкендија Арачиново и Беласица, па помеѓу овие екипи веројатно ќе се бараат и најдобрите три на табелата.

Ништо понеинтересно нема да биде и во борбата за опстанок. Поради кратењето на Првата и Втората лига, оваа сезона од второлигашката конкуренција ќе испаднат дури пет екипи, а три ќе играат во баражот за опстанок. Тоа би значело дека сигурен опстанок носи осмата позиција на табелата.

Двојки за првото коло (денес, 17 часот):

Вардар Н. – Тетекс
Брегалница Ш. – Кожуф
Новаци – Победа
Каменица Саса – Осогово
Охрид Лихнидос – Беласица
Скопје – Слога В.
Големо Коњари – Детонит Плачковица
Преспа – Шкендија А.

- Оглас -

Најнови вести