Пјер Емерик Обамејанг важи за една од најголемите ѕвезди во екипата на Арсенал.
Но, играчот од офанзивниот ред кој воедно е и капитен, никако да ја сфати таа улога сериозно, па доби суспензија од клубот.
Тој во текот на неделава без дозвола од клубот заминал за Барселона, а поради тоа го немаше во денешниот состав против Саутемптон.
„Обамејанг е казнет од клубот и направи нешто што не му го дозволивме. Затоа и го немаше во денешниот состав против Саутемптон“ изјави тренерот Микел Артета.
Напаѓачот зима неделна палта од околу 300 илјади евра, а медиумите од Англија тврдат дека уште еден ваков испад ќе значи и негово „летање“ од клубот од Лондон.