За божиќните празници, фудбалерите на Атлетико Мадрид добија подароци од 50.000 евра, иако тие заработуваат милиони евра играјќи фудбал.
Како за машкиот тим така и за женскиот, на секој член поединечно му е доделен новиот модел на џипот „Хјундаи Тусон“, и тоа во клупската црвена боја.
Автомобилската компанија „Хјундаи“ е еден од генералните спонзори на Атлетико Мадрид, што е главна причина за доделувањето на подароците.