Филипе Кутињо е повреден и го минува процесот на рехабилитација, но и кога ќе биде подготвен за настапи, нема да игра за Барселона поради бизарна причина.
Барселона е во огромни долгови, а ситуацијата дополнително би се влошила ако Кутињо одигра уште 7 меча за Каталонците во оваа сезона. Досега играше на 12 натпревари и ако стигне до бројката 19, тогаш Барса ќе мора да му плати бонус на Ливерпул од 5 милиони евра.
Каталонскиот „Спорт“ објави дека од таа причина Кутињо веројатно веќе и нема да настапува за Барселона оваа сезона, односно нема да биде вклучен во составот и кога ќе биде комплетно фит.
Барселона му нема платено отштета од 40 милиони евра на Ливерпул за трансферот на Кутињо, а вкупниот долг на шпанскиот и светски фудбалски гигант се проценува на 1,2 милијарди евра.
Ливерпул е само еден од 19-те клубови што имаат побарувања од Барселона по основа на трансфери на играчи, а дел од нив веќе најавија тужби.