Голема заслуга за шампионската титула на Реал Мадрид во шпанското првенство има и Антонио Ридигер кој е столб на одбраната, лидер, еден од најстабилните цела сезона, и заслужи за првпат во кариерата да се израдува на една титула во првенство.
Иако е искусен, има 31 година и играл за Штутгарт, Рома, Челзи и Реал, Ридигер дури денеска ја освои својата прва титула во едно национално првенство.
Германецот со Челзи ги освојуваше Лигата на шампионите и Лига Европа, не му недостасуваа европски трофеи, во Англија имаше и ФА куп, освои и Светско клупско првенство, но никогаш немаше титула во првенство. Конечно освои и таков трофеј како круна на клупската кариера.