Затоа е омилен во светот на фудбалот – На Мане не му е тешко и вода да носи (Видео)

Садио Мане застана, зеде два пакети со вода и продолжи кон хотелот во кој се сместени репрезентативците на Сенегал и уште еднаш потврди дека е скромен човек, подготвен да помогне во секоја прилика.

Актуелниот европски првак со Ливерул и во моментно еден од најдобрите фудбалери на планетата е човек со душа, како што велат неговите обожаватели, а често и со хуманитарни акции го потврдува тоа.

Sadio Mane helps worker to offload item from Senegal team bus from soccer

Садио изгради училиште во родниот град во Сенегал и има уште дузина акции за да помогне на сиромашните и социјално загрозените заедници.

Сенегал тргна победнички во квалификациите за настап на Африканскиот куп на нациите, а победен беше Конго со 2:0. Задутре главниот фаворит во групата И за настап на АФКОН ќе игра против селекцијата на Есватини.

- Оглас -

Најнови вести