Затоа фудбалот е посебен: 17-годишниот играч ќе заплачеше на терен (Видео)

Во време кога на фудбалските терени и трибини се случуваат многу лоши работи како што се насилства и навреди по разни основи, од Холандија доаѓа и една ситуација која покажува зошто е фудбалот толку убав и посебен. На дуелот меѓу Утрехт и ПСВ Ајндховен навивачите на двата клуба решија да му дадат поддршка на тинејџерот Мохамед Ихатарен, на кого неодамна му почина таткото.

Во еден момент од првото полувреме, сите навивачи станаа и со силен аплауз дадоа поддршка за 17-годишното момче кое беше на теренот во дресот на Утрехт. Тинејџерот едвај успеа да ги задржи солзите и да не заплаче на теренот.

На крајот, неговиот тим го доби дуелот со големиот ривал со 3:0.

https://twitter.com/i/status/1185639639845167104

 

- Оглас -

Најнови вести