Затоа Граѓаните се фаворити во Sport Life: Му нудат на Меси 50 милиони евра годишно и пензија во САД!

Само 1.85 е коефициентот во Sport Life  за Лионел Меси да оствари сензационален трансфер во Манчестер сити. Како што изминува денот, сè повеќе се појавуваат шпекулации кои навестуваат дека е остварен контакт меѓу претставниците на капитенот на Барселона со одговорните лица за преговори на гигантот од Манчестер.

Тоа што Граѓаните се фаворити за потписот на Аргентинецот, придонесува засега непотврдената информација дека понудата на Сити за Меси е петгодишен договор со 50 милиони евра годишна плата, притоа иконата на Каталонците да ја заврши кариерата во САД, во тимот на Њујорк.

Така Меси би осигурил бруто-плата од 100 милиони евра на годишно ниво, а воедно уште три години би играл на врвен фудбал покрај Пеп Гвардиола. Евентуалниот иден трансфер во Њујорк сити, односно МЛС-лигата во последните две години од соработката би значело дека Аргентинецот се повлекува од големата сцена.

За потсетување, сагата околу можеби најдобриот фудбалер во светот и неговата иднина надвор од Барселона штотуку почна и нема да биде изненадување да не се реши за брзо.

- Оглас -

Најнови вести