Џордан Пикфорд, голманот на англиската фудбалска репрезентација, беше снимен во публика за време на Светското првенство во пикадо и тоа во улога на навивач кој прави шоу за сите околу него. Пикфорд, кој брани за Евертон, пиеше пиво, па чашата ја ставаше на глава, се качи на столче и бараше поддршка за да продолжи да му скандира „Англиски број 1“.
Ваквото однесување го осудија многумина во Англија, но сепак 25-годишниот Пикфорд е во предновогодишно расположение и веројатно беше среќен што не прими гол од Арсенал, па вечерта се опушти.