Обложувач кој во понеделникот уплатил тикет само со 20 денари, уште истата вечер си освои 311.091 денари. Тикетот кој ни го испрати среќниот обложувач е со 15 фудбалски натпревари.
Добар дел од натпреварите се одлично погодени и без „тресење“ се погодени. Сепак, дека треба да се има и среќа за да се погоди вкупна квота од 16.635, покажуваат два натпревари од тикетот.
На дуелот Генчлербирлиги – Кециоренгучу во турската втора лига до 82-рата минута немаше голови, а потоа домаќините поведоа со 1:0 за во 88-мата минута гостите да израмнат на 1:1. Со тие два гола во мрежите на двата тима, постигнати во последните нецели 10 минути, фатена е играта „гол-гол“.
Уште поголема среќа имал обложувачот на одиграниот меч од италијанската Серија Ц меѓу Рецанатесе и Пинето. Одигран беше двознак Х2, што значи гостите да не загубат. Домаќините водеа со голот постигнат уште во осмата минута и тој резултат од 1:0 беше актуелен се до 90+ минута. Во судиското надополнување гостите израмнија на 1:1 и погоден е двознакот.
Интересно е дека испратениот тикет е речиси до пола искинат, нешто што најчесто се прави со недобитните ливчиња. Овојпат доказ дека треба да се има верба до последен момент е и овој тикет, кој донесе 311.091 денари.
На овој добитен тикет има и 10 отсто плус на добивката и тоа е благодарение на Sport Life менито, кое секој ден има интересна понуда која искусните обложувачи знаат да ја искористат, па така и овој тикет има бонус од 33.271 денари.