Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија на неодредено време го забрани играњето натпревари на стадионот на Партизан во Белград. Клубот на улица „Хумска“ е казнет поради навредливото навивање (на домаќините им викаа „Половина Унгарци, половина усташи“) за време на мечот со Војводина, и тоа во Нови Сад.
Средбата во Нови Сад беше прекината на 15 минути, а потоа продолжи откако голманот Владимир Стојковиќ и играчот Зоран Тошиќ со многу мака успеаја да ги смират навивачите и откако на молбите да престанат, одговорија со уште погласно скандирање.
Партизан и пролетта 2017 година беше казнет за такво скандирање, но и некои други испади, па тимот играше пред празни трибини.
До крајот на сезонава, Партизан дома треба да игра уште четири пати, и тоа против Чукарички, Младост, Напредак и Пролетер. На дуелот со Чукарички сигурно ќе нема публика, а дополнително ќе се реши дали казната ќе се однесува и на уште некој меч.