Затворски казни за навивачите на Атлетико кои го „обесија“ Винисиус

Шпанските правосудни органи испратија силна порака против фудбалското хулиганство и расизмот, изрекувајќи затворски казни за четворица навивачи на Атлетико Мадрид, кои учествуваа во инцидент пред градското дерби со Реал.

Истражните органи докажаа дека осудените лица биле дел од групата што постави кукла обесена на мост во Мадрид, облечена во дрес на Реал Мадрид со името на Винисиус јуниор, чин што беше окарактеризиран како поттикнување на расна омраза.

Еден од обвинетите доби најстрога казна, една година и девет месеци затвор поради тоа што дополнително ширел расистички содржини преку социјалните мрежи. Останатите тројца се осудени на по една година и два месеци затвор.

Покрај затворските казни, сите четворица добија и четиригодишна забрана за присуство на фудбалски натпревари на територија на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести