Зависни од капитенот: Реал без Рамос загуби 8 од последните 10 меча во ЛШ

Реал Мадрид е во незавидна ситуација по поразот вечерва во Киев со 2-0 од Шахтар Донецк. Екипата на Зинедин Зидан во последното коло од групите ќе се бори за пласман во нокаут-фазата,  во коешто треба да обезбеди триумф против Менхенгладбах.

Меѓутоа, Кралевите зависат и од калкулациите во мометалната средба меѓу Гладбах и Интер, како и дуелот во последното коло меѓу Интер и Шахтар.

Реал во меѓувреме го претрпе осмиот пораз во ЛШ во последните 10 средби во кои капитенот Серхио Рамос не бил во старните 11, односно воопшто не играл.

Исто така, по пет меча во групите, Кралевите примија девет погодоци, што за нив е најлош негативен биланс во клупската историја.

- Оглас -

Најнови вести