Заврши 47-годишното чекање: Денвер е шампион на НБА, Јокиќ МВП на финалето!

Денвер нагетс е нов шампион на кошаркарската НБА-лига. Ова е прва титула за Грутките во нивното 47-годишно постоење. Петтиот меч за вкупни 4-1 во победи заврши со неефикасни 94-89.

Така тимот од Колорадо влезе во листата на клубови кои биле шампиони на најсилната лига на светот, а најголема заслуга за тоа има Никола Јокиќ, кој е прв центар по Шекил О‘Нил од 2002 наваму што бил прогласен за најкорисен во големото финале. Србинот, кој синоќа даде 28 поени, испиша историја со тоа што стана првиот поединец во историјата на НБА кој низ целиот плејоф е човекот со најмногу поени, скокови и асистенции.

„Работата е завршена, сега може да си одиме дома“, беше првата изјава на Јокиќ по освојувањето на шампионскиот прстен.

- Оглас -

Најнови вести