Заврши долгата авантура на Здравко Мамиќ во Динамо, поднесе оставки на сите функции

Здравко Мамиќ ја заврши долгата авантура во Динамо Загреб што почна во 1992 година и со мали прекини траеше до 2018 година кога победгна во Босна и Херцеговина, поради судскиот процес за затајување на данок.

Денеска на прес-конференција објави дека се повлекува од сите функции во Динамо Загреб, а на тоа влијаеше правосилната пресуда на Врховниот суд на Хрватска за 6.5 годишна затворска казна, изречена вчера.

„Поднесувам оставка на членството во Собранието на Динамо. Побарав да ме разрешат од сите функции и нема да бидам ниту советник. Мојата оставка е неотповиклива“, изјави Мамиќ.

Тој, неговиот брат Зоран Мамиќ, поранешниот директор на Динамо Давор Врбановиќ и уште едно лице добија затворски казни, а веднаш потоа летаа и оставките.

Зоран Мамиќ се повлече од позицијата шеф на стручниот штаб на клубот за кој играат Аријан Адеми и Стефан Ристовски, а иста одлука денеска донесе и Здравко Мамиќ.

Обвинтети се со правосилна одлука на Врховниот суд на Хрватска за затајување на данок, за мито и корупција, нешто што обвинетите го демантираа.

На Здравко Мамиќ му е потврдена казната затвор од 6.5 години, а Зоран ќе мора да оди зад решетки 4 години 8 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести