Врховниот суд им пресуди на браќата Мамиќ, Здравко доби затворска казна од 6,5 години, Зоран ќе мора зад решетки скоро 5 години

Врховниот суд на Хрватска донесе одлука за затворска казна на познатиот двоец од Динамо Загреб, браќата Здравко и Зоран Мамиќ, а вкупно ќе мора да одлежат над 10 години зад решетки.

Здравко Мамиќ, кој е во бегство, но и е идеен творец и креатор на успесите на Динамо во последните 10-15 години ќе мора да одлежи затворска казна од 6,5 години.

Врховниот суд ја потврди претходната неправосилна пресуда и за сите обвиненија за затајување на данок, поткуп.. одреди вкупна казна за доскорешниот потпретседател на Динамо Загреб.

И неговиот брат Зоран, кој е актуелен тренер на популармите Модри ќе мора зад решетки во времетраење од 4 години и 8 месеци за слични дела.

Осуден во процесот е и Дамир Врбановиќ, поранешен директор на актуелниот хрватски првак. По одлуката на Врховниот суд која е правосилна, сега и Динамо Загреб ќе има проблем.

Зоран Мамиќ веројатно ќе мора да си замине веднаш и ќе треба да се најде замена за него пред реванш дуелот со Тотенхем на „Максимир“ на 18. март во Европа Лигата.

Динамо предводен од капитенот Аријан Адеми и од Стефан Ристовски го загуби првиот дуел во Лондон со 0:2.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести