Вечерва во Гостивар се одигра последниот меч на клупски план во Македонија за оваа календарска година. Домашниот Гостивар со убедливи 86-62 го победи Вардар во меч од Првата кошаркарска лига на Македонија и ја најави паузата која ќе трае 15-тина дена.
По 12 првенствени кола, на врвот од најквалитетната македонска кошаркарска лига се наоѓаат трилинг екипи со идентичен ефект од девет победи и три порази, а на првата позиција поради најдобиот кош-количник е актуелниот шампион, МЗТ Скопје. Со ист ефект се и Пелистер и ТФТ, додека со по една победа помалку на четвртата и петтата позиција се сместија Кожув и Куманово. Речиси сигурни во плејофот се и Работнички и Чаир, додека голема битка ќе се води за избегнување на плејаутот. Гостивар има пет победи, Феникс четири, додека Тиквеш и Шкупи по три. На последната позиција е Вардар со 12 порази на 12 натпревари.
Сезоната продолжува на 11-ти јануари со натпреварите од 13-тото коло.