Заврши молкот, се јави Бока јуниорс

Бока јуниорс цели 15 часа по поразот од градскиот ривал Ривер плејт во историското финале на Копа Либертадорес конечно на социјалните мрежи им ја испрати првата порака на своите навивачи.

Поразот длабоко ги погоди во Бока, ова е најболен пораз во клупската историја, трипати имаа предност во ова финале, но трипати Ривер изедначуваше, а синоќа во продолженијата, „милионерите“ дадоа уште два гола и станаа шампиони на Јужна Америка.

Повеќе од 15 часа по поразот во Мадрид, немаше никаков глас од Бока по социјалните мрежи. Не спомнуваат дека ќе се жалат и дека ќе бараат службена победа, сега тоа би било бесмислено, туку ги потсетија своите фанови дека треба да бидат со нив и во добро и во лошо.

„Секогаш ќе бидам покрај тебе, Бока моја“, порачаа на „Твитерот“ на Бока заедно со слика од навивачите кои секогаш ја исполнуваат јужната трибина на стадионот „Ла Бомбонера“.

- Оглас -

Најнови вести