Заврши приказната во Кнежевството за големиот ас – Монако го суспендира Анри

Раководството на Монако повлече неочекуван потег и го суспендира Тјери Анри, па за големиот фудбалски ас заврши приказната во Кнежевството.

Анри сигурно ќе си замине од Монако и нема да биде тренер на клубот што се бори за опстанок во француската лига. Уште понеочекуван потег на челниците на познатиот клуб е одлуката да го вратат претходниот тренер Леонардо Жардим.

Португалецот беше отпуштен поради лоши резултати, Анри не успеа да донесе промена, Монако сè уште е во опасната зона, па ќе има збогум за Анри и ново добредојде за Жардим.

До официјалната смена, тимот ќе го води помошниот тренер Франк Паси.

- Оглас -

Најнови вести