Заврши серијата на Вардар од 41 меч без пораз и тоа во најлош можен момент за најтрофејниот

Вардар го претрпе првиот пораз сезонава, и тоа во најлош можен момент за најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија. Скопските Црвено-црни пред своите навивачи загубија од Шкендија со 0:1, па сега трката за титулата станува многу понеизвесна. Вардар останува лидер, но сега со само еден бод повеќе од Шкендија.

Дури во 41 меч во низа на домашна сцена, Вардар предводен од Гоце Седлоски не знаеше за пораз. Од 16 февруари 2025 година, кога на Арената загубија со 1:2 од Шкендија, до денеска на 5 март, кога повторно на свој терен Вардар загуби од Шкендија, овојпат со 0:1.

Вардар пред неполни две недели беше елиминиран од Купот на Македонија од второлигашот Охрид, но тогаш резултатот по 90 минути беше 1:1, а охриѓани се радуваа по подобро изведување на пеналите.

Во последното коло од вториот круг Вардар ќе гостува кај Силекс, додека Шкендија дома игра против Брера. Екипата која ќе биде првопласирана по завршување на следното коло ќе го добие адутот во евентуалниот решавачки меч за титулата во мај, да игра на свој терен.

- Оглас -

Најнови вести