Сезоната за фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, е завршена откако се повреди на мечот од Ла Лига против Хетафе. Дваесет и двегодишниот фудбалер беше заменет на полувремето, а претпоставките беа дека се работи за тетивата.
Сепак, дополнителните прегледи покажаа дека се работи за мускулна повреда на левата нога, па од фудбалските терени ќе отсуствува три месеци. Тоа би значело дека Камавинга нема да му биде на располагање на Карло Анчелоти за финишот од сезоната, но и за финалето од Купот на Шпанија, како и за Светското клупско првенство во САД, кое се игра во јуни и јули.
Камавинга во таборот на Кралевите пристигна од францускиот Рен за сума од 31 милион евра во 2021 година.