Заврши сезоната за фудбалерот кој е најпознатиот обложувач во Серија А

Николо Фаџоли (22) сезонава повеќе нема да настапува за Јувентус откако доби седуммесечна суспензија поради обложување на илегални платформи.

Одлуката на обвинителството во Торино прв ја објави најпознатиот италијански новинар, Фабрицио Романо.

Обвинителството минатата недела започна истрага за случај на обложување на илегални платформи против Фаџоли, како и против двајца италијански репрезентативци, Сандро Тонали од Њукасл и Николо Заниоло од Астон вила.

Тонали и Заниоло веќе го напуштија кампот на италијанската репрезентација, а се соочуваат со многу поголема суспензија. Италијанските медиуми шпекулираат дека обложувањето на нелиценцирани платформи на интернет може да им донесе суспензија до 36 месеци.

Фаџоли доби помала казна бидејќи наводно постигнал договор со обвинителството и прв ја признал вината.

- Оглас -

Најнови вести