Заврши сезоната за Кајри Ирвинг

Бруклин нетс во клучен период остана без еден од лидерите на екипата Кајри Ирвинг, за кого заврши сезоната. Одличниот плејмејкер нема да се врати на паркетите бидејќи мора да прави операција на рамото кое му создава проблеми, па Нетси до крајот на регуларниот дел без него ќе бркаат пласман во разигрувањата.

Ирвинг и оваа сезона се мачи со повреди, пропушти дури 25 меча од ноември до јануари токму поради болки во рамото, а прегледите потврдија дека мора да се направи хируршка корекција. Иако Ирвинг заигра и покрја болките, во 9 меча забележа одлична статистика со просек од 26 поени и 5,4 асистенции по натпревар.

На 29 натпревари до крајот на регуларниот дел, Бруклин се наоѓа на седмата позиција со учинок 25-29.

- Оглас -

Најнови вести