Заврши сезоната за ѕвездата на ПСЖ, во наредните денови ќе биде опериран во Катар

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, на два дена пред најважниот натпревар во сезоната, реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, ја доби најлошата вест, повредата на Нејмар е толку сериозна што ќе мора да биде решена со оперативен зафат.

Оваа вест ја објави доброинформираниот новинар Фабрицио Романо, кој на својот профил на Твитер, објави дека операцијата ќе биде извршена во наредните денови и тоа во Доха, Катар.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1632784939232919564?s=20

Нејмар нема да врати на терените во наредните три до четири месеци, што значи дека сезоната за него е завршена.

Бразилецот заработи повреда на лигаментите на коленото на натпреварот против Олимпик Лион.

- Оглас -

Најнови вести