Ливерпул не успеа осмипат по ред да го победи Тотенхем, откако вечерва во дербито на 18. коло во Премиерлигата двете екипи ремизираа 2:2.
Ливерпул пристигна во Лондон со прекрасна серија од 7 победи по ред против Спарс, но почна со негатива во раната фаза од мечот.
Хари Кејн погоди за домаќините во 13. минута за 1:0, па потоа Деле Али не успеа од зицер ситуација да го надмудри Алисон Бекер за двојна предност.
Казни Диого Жота со израмнување во 35. минута, а комплетен пресврт направи Робертсон со гол во 70. минута.
Сон Хјунг-Мин израмни на 2:2 во 74. минута, а Спарс потоа играа и со фудбалер повеќе по исклучувањето на Робертсон, но во последните 15-на минути не успеаа да постигнат победнички гол и да ја прекинат црната серија од 8 меча без победа против Ливерпул.