Вкупно 10 меча се одиграа по првите два дена на Европското ракометно првенство, а синоќа беше видена една од најинтересните завршници. На мечот меѓу Фарски Острови и Швајцарија се очекуваше да биде неизвесно, но сепак малку кој очекуваше дека ќе има „луд финиш“.
Швајцарија водеше со 28:27, а Фарски Острови го имаше последниот напад. Во нападот Фарски Острови беше со играч повеќе, без голман. На три секунди до крајот, Фарски Острови постигна гол за 28:28, а Швајцарците се обидоа веднаш да возвратат.
Со „брз центар“, топката од половина терен беше упатена кон голот на Фарски острови и заврши во празната мрежа, но Швајцарците немаа причина за радост. Звукот на сирената означи крај и тоа на само неколку метри пред топката да заврши во мрежата, односно неполна секунда пред да биде затресена мрежата.
In the #ehfeuro2026 #puregreatness #handball pic.twitter.com/4HGZkrtpSe
— EHF EURO (@EHFEURO) January 16, 2026

