Во првиот меч од 11 коло во италијанската Серија А, Наполи убедливо со 5:1 го победи Емполи и стигна до 25 бодови. Тимот од југот на Италија сега има само три бода помалку од лидерот Јувентус, кој денеска игра против Калјари и со евентуална победа, повторно може да избега на шест бода позитива.
Наполи против Емполи на полувремето имаше предност од 2:0, а гостите намалија на 2:1 во 58 минута. И покрај примениот гол, фаворитот не дозволи изненадување и даде уште три погодоци, за сигурен тримф од 5:1. По мечот, тренерот на Наполи, Карло Анчелоти не беше задоволен. Стратегот дури потенцираше дека Емполи бил подобар тим.
„Повеќе бев лут, отколку возбуден за победата. Иако резултатот покажува дека сме имале одличен меч, но настапот на теренот сепак покажуваше дека Емполи играше подобро. Имаа поголема контрола на топката, поголема иницијатива и се додека не го дадовме четвориот погодок тоа беше неизвесен дуел“, рече незадоволниот Анчелоти по синоќешниот меч.