Здодевна реприза од финалето на ЕП, вечер на ремија во Лигата на нациите

Англија не ги искористи бројните шанси да ѝ се одмазди на Италија за поразот во финалето на минатогодишното Европско првенство.

Гигантите одиграа реми без голови во Вулверхемптон по кое Гордиот Албион остана без триумф по три кола во сегментот А од Лигата на нациите.

Поделба на бодовите се случи и на останатите три натпревари од сегментот А. Унгарија ја задржа Германија на конечни 1-1, а идентичен беше резултатот во средбата меѓу Велс и Белгија.

Депај беше трагичар за Холандија со промашениот пенал во судиското надополнување, оставајќи ги Лалињата без комплетен пресврт против Полска и реми од 2-2.

Останати резултати:

Украина 3-0 Ерменија, Ирска 3-0 Шкотска, Црна Гора 1-1 БиХ, Романија 1-0 Финска, Луксембург 0-2 Турција, Фарски Острови 2-1 Летонија.

- Оглас -

Најнови вести