Николче Здравески привремено ќе биде тренер на Победа откако Јане Николоски одлучи да си замине од клубот. По поразот од Ренова на домашен терен, прилепчани се фенерџии во Првата лига, а Николоски одлучи да се повлече.
Здравески е дел од генерацијата поранешни играчи на Победа, а има настапувано заедно со Николоски во некои поубави времиња за прилепскиот прволигаш. Сезонава и го менуваше на двапати, против Академија Пандев во Купот и на првенствениот меч со Силекс, кога Николоски беше отсутен.
Победа е во голема криза и финансиска и резултатска. Има црна серија од 10 меча без победа во домашното првенство, а од нив дури девет се порази.