Здравко Мамиќ се враќа во фудбалот, и тоа во српски клуб!?

Здравко Мамиќ се враќа во фудбалот, и тоа во српскиот фудбал. Ова го најавуваат балканските медиуми, а шпекулациите се дека Мамиќ ќе влезе во клубот ТСЦ Бачка Топола. Мамиќ е бегалец кој во Хрватска се бара за издржување затворска казна поради проневера на повеќе од 40 милиони евра.

ТСЦ Бачка Топола е клуб кој минатата година првпат заигра во српската Супер лига и веднаш успеа да се избори за место во Лигата на Европа. Летово беа елиминирани во второто претколо, откако на пенали загубија од романска Стеауа.

Во клубот моментно има унгарски капитал, со кој се изградени стадионот и Академијата за млади играчи. Локалното население даваат дополнителен придонес за функционирањето на ТСЦ Бачка Топола. Сезонава ТСЦ Бачка Топола е на средината на табелата и по 10 одиграни кола, има 14 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести