Удинезе игра импресивно на стартот од новата сезона и по победата против вицешампионот Интер со 3:1 веќе е лидер во Серија А по 7 кола.
Илија Несторовски остана на клупата за резерва, повторно и сезонава малку игра за Удинезе, но ужива на врвот на табелата со своите соиграчи, кои приредија подвиг и победија со пресврт.
Интер поведе во петтата минута со голот на Николо Барела од слободен удар. Голот беше вистинско ремек-дело на репрезентативецот на Италија, но и недовилен за успех на гостите.
https://twitter.com/OldJuventinoII/status/1571450640941092869?s=20&t=gybNfUWRX7vxX72fwJzioQ
Потоа Шкрињар си даде автогол, а победата на Удинезе ја донесоа Бијол и Арслан со голови во последните 10-на минути од мечот.
Голот на Бијол можете да го погледнете ОВДЕ.
Удинезе е прв на табелата со 16 бода од 7 меча, а зад него се Наполи, Аталанта и Милан со по 14 и меч помалку.
Интер е на шестото место со 12 бода.