Земјотресот во Турција го шокираше светот, а Реал Мадрид веднаш покажа зошто е Кралски клуб!

Разорен земјотрес рано утрово се слули во пограничниот дел на Турција и Сирија и според последните информации, има над 1.300 загинати. Многу срушени згради и други објекти не ја издржаа силината од 7,8 степени според Рихтер и тоа беше причина за катастрофа.

Многу земји понудија помош на погодените подрачја, а пораки испратија и многу светски лидери. Од фудбалските клубови, меѓу првите кои реагираа беше Реал Мадрид. Кралскиот клуб уште еднаш ја покажа својата големина испраќајќи порака.

„Претседателот на Реал Мадирд и членовите на управата сакаат да изразат длабоко сочувство, жалење и солидарност поради земјотресот кој утрото ги погоди Турција и Сирија. Нашиот клуб изразува сочувство со семејствата на настраданите во оваа катастрофа. На сите повредени им посакуваме брзо закрепнување и им испраќаме порака за подршка“, стои во соопштението на Реал Мадрид.

Газијантеп е градот кој е најпогоден од овој земјотрес, а таму настапува македонскиот младински репрезентативец Лука Станковски. За среќа, Станковски добил два дена слободни од клубот, кои ги искористил да се врати во Македонија, па ја избегнал оваа катастрофа.

 

- Оглас -

Најнови вести