Натпревари од три различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со 10 натпревари, пет меча се од хокејот и еден од ракометот, односно има зголемени квоти на вкупно 56 игри.
Понудата започнува со два меча од хокејот, кои на програмата се од 17:30 часот, а од 18 часот е закажан првиот фудбалски натпревар од Супер типот, оној помеѓу Омонија и АЕЛ. Во истиот термин со првиот фудбалски меч започнува и единствениот ракометен дуел во оваа понуда, помеѓу Хрватска и Унгарија од четвртфиналето на Светското првенство.
Помеѓу десетте фудбалски натпревари доминираат оние од англиските фудбалски лиги, кои се „главни“ во денешната понуда.