28.8 C
Skopje
четврток, 25 септември 2025

Згрмеа од Рајо: Судијата му прости два црвени картони на Атлетико, а му призна нерегуларен гол (Видео+Фото)

Атлетико Мадрид се намачи, но на крајот го победи Рајо Ваљекано со 3:2 во дуел на двата ривали од главниот град на Шпанија. На полувремето беше 1:1, а Рајо поведе во 77-мата минута. Сепак, во последните 15-тина минути Атлетико Мадрид постигна два гола и го сврте резултатот во своја корист за триумф од 3:2.

По средбата, претседателот на Рајо Ваљекано, Мартин Преса, беше разочаран од судењето. Првиот човек на Рајо посочи дека главниот судија Алехандро Ернандес во две ситуации пропуштил да покаже црвени картони за домашните играчи Коке и Маркос Љоренте.

Во 50-тата минута Коке за врат го зграби противничкиот играч, но за тоа не беше исклучен, туку само опоменат со жолт картон.

Втората ситуација се случи во 86-тата минута, кога Љоренте го удри Пеп Чеварија во градите, но доби само жолт картон.

„Двата жолти картони за Коке и Љоренте се црвени, според моето разбирање на фудбалот. Го давам своето мислење со почит, понизност и на здрав начин. На вториот гол на Атлетико му претходеше фаул врз Иси Паласон, кој не беше досуден, а тоа се мали детали што можат да го променат натпреварот. Можеби не го видоа тоа, иако постои ВАР… Го напуштате натпреварот со Барселона со горчливо-сладок вкус, го напуштате дуелот против Билбао со лош вкус, исто беше и тука, бидејќи на крајот бодовите не завршуваат на нашето конто“, коментираше Преса во програмата на „Ел Ларгеро де ла Кадена СЕР“.

- Оглас -

Најнови вести